ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Инспекциски контроли во магацините за пелети

Инспектори ќе проверуваат која компанија ги крие пелетите за да ги продава во зима по повисока цена и која вештачки ги зголемила цените во моментов. Ваква одлука експресно донесе вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, по новинарско прашање што ке преземе Владата за да ги смири граѓаните кои се загрижени дека следнава зима не само што ќе имаат драстично повисоки трошоци за набавка на пелети, туку може и да ги нема.

Advertisements

„Ние денеска на влада по допрен глас ќе дадеме задолжение на инспекторатот да излезе на терен за да потврди дека ваквите укажувања се вистинити. За жал да имавме закон за воено профитерство денеска лесно ќе реагиравме“, рече Битиќи.

Алсат во последниве два месеца на неколку пати објави дека цените на пелетите се речиси за двојно зголемени во однос на истиот период лани. Граѓаните се загрижени дека во магацините од каде редовно нарачувале пелети за греење, во овој период од годината, речиси и да ги нема. Во неизвесност се и граѓаните кои се приклучени на системот за парно греење, а особено корисниците на Балкан Енерџи Груп. За распишување на оглас за обезбедување на фирма која ќе го превземе работењето на БЕГ се уште има време, велат надлежните.

На тендерот ќе учествува и ЕСМ со што бизнисот со топлинска енергија би можел да се врати под државна капа. Главниот проблем останува набавката на природен гас. Освен што е за пет пати поскап од лани, дистрибуцијата на природен гас во главно зависи и од волјата на Русија, или обезбедување од други алтернативни пазари. Пред речиси еден месец БЕГ остана без потребните лиценци за работа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button