Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во средата и четвртокот спровеле инспекциски надзори во Кичево, Струга и во Охрид
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во средата и четвртокот спровеле инспекциски надзори во Кичево, Струга и во Охрид

Каква храна јадат македонските граѓани и што им се нуди по угостителските објекти. Податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство се загрижувачки. Само во првите 6 месеци од годинава уништени биле 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна. Изречени се вкупно 2 433 инспекциски мерки. Само во текот на туристичката сезона, уништени се речиси 9 тони небезбедна храна, во Охрид, Струга, Преспа и Дојран, по извршен вонреден инспекциски надзор во 120 објекти, ќебапчилници, слаткарници, ресторани, месарници.
„Откривме 8,7 тони, заборувам за Охрид и Струга.Тоа беше три дневна акција. Уништени беа нештетно тие.Стануваше збор за недекларирана храна, за немање на санитарно-инспекциски документи, немаше никаков увоз, не беа операторите регистрирани како оператори за храна. Поголемиот дел не беа декларирани, не беа етикетирани“, рече Оливер Миланов- директор на Агенција за храна и ветеринарство.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во средата и четвртокот спровеле вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и во Охрид.
„Поради пласирање небезбедна храна на ресторан во Кичево, на операторот изреченаму е мерка времена забрана за вршење на дејност се до отстранување на утврдените недоследности. Нештетно се уништени 187 килограми небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло, а изречена е и парична казна од 1400 евра во денарска противредност“, велат од Агенција за храна и ветеринарство.
Во Струга, маркет е казнет со 1400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена се 15 килограми храна, а се продавале и производи без декларации, несоодветно означување на производите, како и храна со поминат рок. Во Струга казнета е и месарница со 500 евра поради пласирање на небезбедни производи. Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло. Сепак надлежните уверуваат дека македонските граѓани јадат здрава храна и покрај тоа што многу често граѓаните се сведоци како се повлекуваат одредени производи од пазарот. Таков беше последниот случај, кога се повлекоа српски бисквити поради можност за присуство на надворешно тело,
„Контроли се прават секојдневно, без разлика дали станува збор за производство, за увоз и извоз. Во Македонија можеме да кажеме дека јадеме безбедна храна.Ние се стремиме да имаме светски брендови кои се застапени, па ќе следи некоја соодветна мерка дали при декларирањето, дали при нутритивниот состав“, додаде Оливер Миланов- директор на Агенција за храна и ветеринарство.
„Можам да кажам дека апсолутно граѓаните јадат здрава храна. Се она што ќе се најде кое не е по пропис и по правилник, соодветно се третира, за да не дојде до трпезата и до менито на граѓаните да претставува здравствен проблем.Секоја храна мора да има декларација. Се она што нема декларација и не е по закон, треба да биде пријавено во пазарен инспекторат и службите ќе постапат, каде што е потребно“, нагласи Игор Џаџовски- раководител на национална служба за здравство и храна.
Од гостилница во Охрид деновиве биле уништиле 15 килограми небезбедна храна. Кај некои од операторите утврдени се незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од АХВ, непоседување на санитарни книшки за вработените и друго. Контроли летово биле извршени и во шеесетина објекти во Пластичарска улица, Чаирчанка и Бит Пазар, каде била одземени и уништени 80 килограни храна./Алсат.мк
Мики Трајковски