
Денеска се навршуваат 1.000 дена од почетокот на војната во Украина, а по тој повод сино-жолтата боја на украинското знаме ги осветли седиштата на Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент во Брисел.
„Боите на украинското знаме блескаат на нашите седишта како симбол на нашата цврста поддршка за оние кои работат и се борат да ја распламтат светлината на слободата“, објави Европската комисија на својата сметка на социјалната мрежа Х.
Зборуваше и претседателката на Европската комисија, Роберта Мецола, која потсети дека на 24 февруари 2022 година, кога започна војната, пред Европскиот парламент беше подигнато украинското знаме.