Институциите недоволно го употребуваат албанскиот јазик

Спроведувањето на законот за употреба на јазиците се движи „како желка“. Се чини дека институциите тоа не го сметаат за приоритет бидејќи за неколку години во некои од нив е направено многу малку за спроведување на двојазичноста, а во некои воопшто не се прават напори. Има и такви кои немаат ни опција за да се избере страница на албански. Примери се Уставниот суд и Министерството за култура. Двете институции не нудат можност за трансформација на страницата на албански. Министерството за култура имаше дури и министри Албанци.
Во октомври 2020 година, Алсат информираше дека Министерството за образование и наука е меѓу институциите кои не го имплементирале албанскиот јазик на веб-страницата. Истата ситуација се појавува и после година и пол. Институцијата која неколку мандати, но и моментално ја води министер Албанец, има значителен недостиг на материјали на албански. Овие факти ги поткопуваат очекувањата за целосна имплементација на законот за јазиците во институциите што ги водат албански кадри, но тие не се единствените. На веб-страницата на Министерството за здравство, која во моментов ја води министер Албанец, ги нема сите материјали на албански, кои се достапни на македонски. Дури и ако во некои категории ја изберете опцијата да добивате информации на албански јазик, тоа не можете да го користите како што треба.
Има случаи кога албанските верзии на веб-страниците во многу случаи се само формални и од нив не можат да се добијат сите информации како на македонски јазик. Таков е случајот со Министерството за земјоделство, Министерството за правда, но и со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Последново министерство има многу „сиромашна“ веб-страница, со многу малку информации, од кои повеќето се само на македонски.
Самиот Парламент, каде всушност беше донесен Законот за употреба на јазиците, има многу недостатоци во неговото спроведување. Собранието комуникациите ги објавува на албански јазик, но не го ажурира дневниот ред на албански јазик и не ги објавува собраниските материјали на албанската верзија на веб-страницата. Преводот на собраниските иницијативи често е причина за одложување на седниците, но граѓаните немаат електронски пристап до овие преведени материјали.
Речиси сите горенаведени институции не им даваат на граѓаните преведени јавни огласи, разни обрасци и апликации за дневни административни услуги.
Законот за употреба на јазиците беше донесен во јануари 2018 година и за една година подоцна, во јануари 2019 година, требаше да се постигне негова целосна имплементација. /Алсат.мк
Фатлуме Дервиши