ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Институциите пак си ја префрлаат надлежноста за Иловица -Штука

Во Министерството за екологија нема пристигнато барање од концесионерот за проверка дали отворањето на рудниците во Иловица-Штука, може да биде штетно за животната средина. Министерката Каја Шукова изјави дека нејзиното министерство не може да одлучува самоиницијативно, по одлуката на Владата да донесе одлука за спојување на двете концесии на рудникот за злато и бакар, одлука која потоа ја суспендираше на неопределено време. Таа ја префрли топката кон Министерството за економија.

Advertisements

Шукова рече дека не постои законска одредба или регулатива со која Владата ќе го обврзе Министерството за екологија, да направи елаборат или каква било форма на документ за да докаже дека експлоатацијата на руда преку употреба на цијанидни отровни материи ќе ги уништи подземните води, вегетацијата, па дури и животите на луѓето во тој регион. Иако министерот за економија Бектеши, рече дека една од формите за избегнување на арбитражата е овој документ од Екологија, министерката Шукова вели дека не требало да се брза со носење на одлуката без претходно консултирање.

Во сагата која започна од 2005 година па наваму, и од периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт со ДУИ, сите министри и директори на институции како што е Министерството за екологија, економија, транспорт и култура, дале релевантните согласности дека немало пречка за рудникот. Но, во 2019 година за првиот рудник Иловица концесијата е одземена поради некомплетирани документи.

Ниту една од Владите од 2016 до јуни 2023 година нема донесено Одлука за конкретното барање за кое Еуромакс побара спојување на Концесиите „Иловица-Штука“. По суспендирањето, тие велат дека ќе ги искористат сите правни форми во законските рокови за да ги остварат своите права. Еуромакс Рисорсис планира да инвестира помеѓу 400 и 500 милиони долари во Иловица-Штука, каде што ќе се експлоатираат златни и бакарни руди во следните три децении. Според фактите што ги објави компанијата во февруари 2013 година, на локалитетот треба да има 119 тони злато и 791 илјада тони бакар.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button