ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Институциите преземаат мерки за да спречат можни поплави доколку дождовите продолжат и во наредните денови

Институциите преземаат мерки за да спречат можни поплави доколку дождовите продолжат и во наредните деновиОд Центарот за управување со кризи велат дека во соработка со другите институции ги преземаат неопходните чекори за да спречат поплави во случај дождот во наредните денови да биде пообилен. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рече дека во наредниот период може да се зголеми нивото на реките, потоците и езерата, па затоа апелира до граѓаните внимателно да се движат по овие терени.

Advertisements

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, и во наредните денови ќе имаме врнежливо и облачно време.

“Под влијание на влажната воздушна маса во наредните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и придружени со силен ветер. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде 11, а максималната ќе достигне 13 степени “.

Иако сме на почетокот на октомври, првите снежни врнежи стигнаа и кај нас. Врнежи од снег има на Пелистер, додека во текот на вечерта снег се очекува и на Попова Шапка и на врвовите на Бистра, а не се исклучува можноста слаби врнежи од снег да има на врвот на Водно.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button