ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Институциите се амнестираат од одговорност за бегството на Мијалков

Одговорност за бегството па камбекот на Сашо Мијалков нема. Скопското обвинителство сè уште истражува дали и кој му помогнал на Мијалков. Засега, се бараат докази за евентуално сторено кривично дело во операцијата за неговото бегство. Обвинителите чекаат од МВР да им испорача осомничено лице.

„По наредбите сè уште се постапува. Доколку постапувајќи по издадените наредби, Министерството за внатрешни работи обезбеди докази и идентификува сторители на кривично дело, Обвинителството ќе преземе кривичен прогон согласно своите законски надлежности“, велат од Обвинителството.

Според информации на Алсат, МВР засега не контролира во своите редови дали има пропусти за бегството на екс шефот на тајната полиција. Мијалков побегна, додека полицијата го следеше неговото движење во хотелот Мериот. За Владата сега важно е што Мијалков е дома. За одговорност ќе зборуваат евентуално подоцна.

„Тогаш кога ќе има конкретни наоди, јавноста ќе биде известена“, рекоа од владата.

По интерните проверки, од Кривичен соопштија дека е невозможно од судот да протекла информација за притворот. Шефот на скопска единица денеска убедуваше дека експресно одговориле на барањето за притвор, за кој се решија да биде во домашни услови.

„Сите познавачи на судството во Македонија веројатно ќе ви кажат дека судот одлучувал во најбрз можен временски период. Предлогот за притвор е стигнат во судот во недела во 15 часот, а одлуката е изготвена во 18.30. Тоа се, сè на сè, три и пол часа“, рече Иван Џолев, претседател на Кричен суд Скопје.

Од својот дом, Мијалков, утре ќе биде однесен во кривичниот суд за да ја слушне пресудата за „Таргет – Тврдина“. На него полицијата внимава 24 часа за да не избега од дома. Во зависност од тоа дали судот ќе го прогласи за виновен за прислушувањето и уништувањето на апаратите за следење на комуникациите, обвинителството ќе може да побара затворски притвор за Мијалков до правосилност на пресудата.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button