
Премиерот Христијан Мицкоски и по враќањето од САД продолжува да ја критикува ЕУ, која две децении не ги признава достигнувањата на земјата и не успева да ја реши интеграциската блокада. Запрашан дали при посетата на Вашингтон добил конкретна поддршка во однос на евроинтеграциите на земјава, Мицкоски рече дека има поддршка од сите страни, но реалноста е дека државата со децении останува во стагнација.
Мицкоски зборуваше за важноста од создавање стратешки партнери, нагласувајќи дека секаде во странство, пред што е можно повеќе кредибилни соговорници да се каже вистината за Македонија и нејзиниот евроинтегративен пат.
Премиерот Мицкоски престојуваше неколку дена во Америка, а ова е втор пат да го посети САД за само неколку недели.