СПОРТФУДБАЛ

Интер потврди, менаџерите заработиле 8 млн евра за трансферот на Турам

Менаџерите и посредниците во трансферот на Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах во Интер заработиле осум милиони евра. Турам (26) во летниот преоден рок пристигна во Интер без обештетување бидејќи му истече договорот со Борусија Менхенгладбах.

Advertisements

Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Интер го објави билансот за оваа сезона и откри дека доаѓањето на французинот на „Џузепе Меаца“ чинело околу осум милиони евра.

Раководството на Интер им ја плати оваа сума на менаџерите и посредниците на фудбалерот за да се реализира трансферот, бидејќи Турам имаше понуди од Пари Сен Жермен и Милан. Турам оваа сезона одигра 12 натпревари и постигна четири гола во сите натпреварувања.

Интер објави дека од продажбата на Марсело Брозовиќ на Ал Наср инкасирал 17.500.000 милиони евра, а Манчестер Јунајтед за Андреа Онана платил отштета од 50.200.000 евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button