СПОРТФУДБАЛ

Интер со две озбилни понуди за Лаутаро Мартинез

Лаутаро има договор со Интер до 2026 година, но миланскиот гигант не сака да ризикува ништо околу иднината на својот центарфор кој игра извонредно, најмногу поради сѐ поголемиот интерес од многу побогати клубови за да го ангажираат, а летово аргентинецот одби џиновски понуди и за преселба во Саудиска Арабија.

Според информациите од Италија, Интер на Лаутаро му ставила на маса две понуди, првата за двегодишно продолжување на договорот, до јуни 2028 година со повеќе од двојно поголема плата и втората опција нов четиригодишен договор, до јуни 2030 година, со по помала плата од таа со двегодишниот договор, но многу подолгорочен.

Лаутаро летово најави дека Милано е негов втор дом и поради тоа одбил сѐ за да остане во Интер, па нема да биде изненадување, ако многу брзо следи потписот на новата соработка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button