ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Интерепелациите на членови на Судскиот совет, утре пред пратениците

Интерепелациите на членови на Судскиот совет, утре пред пратениците

Во пресрет на утрешната собраниска седница за интерпелација на петмината членови на судскиот совет избрани од законодавниот дом, опозицијата со обвинувања дека доколку на овој начин се изгласаат интерпелациите, ова ќе значи упад на извршната во законодавната власт. Според СДСМ, интерпелациите се незаконски и власта ќе ги искористи само за да го партизира судството.

Advertisements

„На начинот на којшто вака е поставена интерпелацијата ова претставува школски пример за директно и грубо кршење на уставниот принцип за владеење на правото и особено за а поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Власта предводена од Мицковски на лице место само ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудниот систем на оваа држава, рече Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ.

Додека пратениците утре ќе дебатираат за интерпелациите, Судскиот совет во исто време ќе одржувва седница. Претседателот на судски Александар Камбовски вели дека термините случајно се совпаднале. Тој рече дека не знае дали некој од петмината членови ќе одлучи да оди во Собранието, но ако тоа се случи утрешната седница ќе биде прекината.

„Не знам кој од нив одлучил да оди и да го користи правото да се обрати пред Собранието. Доколку некој одлучил како што ви реков ние тука ќе ја прекинеме седницата, ќе дадеме можност на колегата да отиде во Собрание да си даде таму изјава, па ќе го почекаме да се врати назад и ќе си продолжиме со нашата работа„, рече Александар Камобвски, претседател на судски совет.
Интерпелациите се поднесени од владејачкото мнозинство, откако извештајот за работата на Судскиот совет не беше изгласан од паретнциите . Интерпелации се поднесени за – Весна Дамева, Селим Адеми, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова Илиевска. Дури и утре да им бидат изгласани интерпелации, членовите на советот на крај сами ќе одлучуваат дали ќе си поднесат оставка или не./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button