ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Интересот на учениците за запишување на стручните смерови останува низок

Интересот на учениците за запишување на стручните смерови останува низок

Во вториот уписен рок во средното стручно училиште „Боро Петрушески“ во Скопјe, интересот на учениците за сообраќај, машинерија и автомеханичари е многу низок. Истото важеше и во првиот уписен рок, каде што беа примени само 43 додека вкупно имаше околу 150 слободни места. Зекирја Зекири, директорот на училиштето, рече дека доколку целиот потребен број не се исполни до крајниот рок, тогаш ризикуваат да затворат две паралелки во училиштето.

Advertisements

„Да бидам искрен, слабо е во споредба со првиот круг, т.е. првиот уписен рок беше некаде во просек 43 ученици, сега 5-6 ученици, не сме задоволни. Со оглед на тоа и гледајќи ја информацијата дека некаде околу 250 ученици сè уште не се запишани во средните училишта, апелираме до Министерството за образование да нè почека, да не се однесува како минатата година, да ја правиме таа квалификација и поделба на часови сега, да нè почека до почетокот на септември потоа да ја правиме таа поделба што ја прават како секој пат“, рече Зекирија Зекири, директор на училиште.

Професорот Кастриот Касапи, вели дека слабиот интерес за нив значи губење на работните места, додека бара од Министерството за образование да ја интензивира кампањата за мотивирање на учениците да се запишуваат во стручните училишта.

„Ако се случи она што го планираше министерството, дека сè ќе биде затворено на 4 јули, тогаш ќе ни останат минус две паралелки за комуникација. Затворањето на паралелката, можеби ќе звучи малку како нешто што не е сериозно, но затворање на паралелката, професорите ќе останат без работно време, или едноставно кажано, ќе останат без своите работни места. Можеби не оваа година, но, ако се повтори две или три години, тогаш конечно мора да ги затвориме тие две паралели што се вистински насоки што ги бара пазарот на трудот“, рече Кастриот Касапи, професор.
Според податоците од Министерството за образование, има околу 16.000 слободни места за упис на ученици во вториот рок: 10.758 за настава на македонски јазик, 4.781 на албански јазик, 474 на турски јазик и 21 слободно место за настава на српски јазик. За средно образование има 3.727 слободни места и за стручно образование 12.307./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button