МАКЕДОНИЈА

Интернетот обезбеден од МОН не е доволен за многу училишта

Министерството за образование и наука ќе обезбеди интернет за училиштата до 31 декември оваа година, а по 1 јануари училиштата сами мора да најдат решенија. Одлуката на МОН е од пред неколку години, ќе стапи на сила во пикот на пандемијата, кога училиштата треба да спроведуваат настава преку интернет. Интернетот кој министерството им го обезбедил на училиштата секогаш бил слаб. Лошата мрежа во одредени основни и средни училишта направи хаос во спроведувањето на учење на далечина. Интернетот кој веќе е обезбеден од МОН не беше во можност да ја поддржи Платформата и затоа многу училишта беа принудени да обезбедат дополнителен интернет за да им овозможат на учениците да присуствуваат и да учат он лајн. Гимназијата во Гостивар нема да може да обезбеди интернет по 1 јануари.

„Нормално, ќе биде тешко затоа што не сме профитабилно училиште, не сме како стручните училишта што имаат приход, ние сме гимназија, имаме фиксни примања и не знам како ќе се справиме“.

Од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово изјавија дека за дополнителни трошоци за интернет очекуваат помош од општина Тетово.

„Во врска со ова прашање, се што доаѓа од Министерството е добредојдено, но кога Министерството ќе го прекине финансирањето на интернетот, имаме поддршка од општина Тетово, која е зад нас за какви било тешкотии што ги имаме“.

Во многу основни училишта он лајн наставата сè уште не е започната поради немање интернет. Во некои од нив, Просветниот инспекторат ги обврза наставниците да држат он лајн настава од дома до решавање на овој проблем.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button