Интерпелација, ЗНАМ бара друг кандидат: Даути го прекрши деловникот
Интерпелација, ЗНАМ бара друг кандидат: Даути го прекрши деловникот

ЗНАМ бара нов предлог од Европскиот фронт за претседател на Комисијата за социјална политика. Според нив, бесмислено е Илире Даути да продолжи да ја извршува својата функција и по гласањето за интерпелација против неа.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со гласањето го покажале својот став.
Даути денеска беше недостапна за да каже дали ќе поднесе оставка од функцијата спикер бидејќи според претседателот на Собранието, одобрената интерпелација нема правни последици и не подразбира разрешување. Сепак, Даути со својот статус на социјалните мрежи пред неколку дена алудираше на оставката.
Од ВЛЕН велат дека не треба да има повеќе драма на оваа тема.
„Нема потреба од драма. Илире Даути беше и сè уште е претседател на комисијата. Јас и посакувам се најдобро и да ја заврши работата како што треба“, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.
Интерпелацијата против Илире Даути во својство на претседател на Комисијата за социјална политика ја поднесе Левица по блокирањето на Законот за бранителите. Даути рече дека додека таа е претседател, законот нема да помине. Законот предложен од СДСМ, но кој има поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ, предвидува финансиски надоместок за „бранителите“. Даути, бара во него да се опфатат и поранешните војници на ОНА./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши