ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Интерпелацијата на Јовески и предлогот за избор на член на ДИК на пленарна седница

На денешната 129. собраниска седница, меѓу точките на дневниот ред се Предлогот за интерпелација за работата на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата, како и Предлогот за избор на член на Државната изборна комисија

Advertisements

Интерпелацијата на Јовески е ставена како 13-та точка на дневниот ред на седницата.

Предлагачите на интерпелацијата објавена на собраниската веб страна – Африм Гаши, Изет Меџити, Кастриот Реџепи, Мерита Колчи Коџаџику, Сафије Садики Шаини, Фадил Зендели и Хусни Исмаили посочуваат дека таа се засновува на сериозните тврдења дека од страна на Обвинителството се сокриле факти и информации во текот на целата постапка, се покренува обвинение за трети лица наместо да се утврдат главните виновници, со цел, како што велат, да бидат заштитени одредени политичари и припадници на бизнис елитите, кои што биле вклучени во изградбата на модуларните болници за време на пандемијата.

-Доколку јавниот обвинител не го докаже спротивното, дека не се сокриени факти и дека не е извршено влијание врз постапка за политички и лични цели, тогаш овие сериозни нарушувања сносат одговорности, се вели во предложената интерпелација за за работата на државниот обвинител Љубомир Јовески.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button