ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Интерпелацијата против првиот човек на Уставниот суд ќе биде пред пратениците на седницата на 9 јули

Интерпелацијата против првиот човек на Уставниот суд ќе биде пред пратениците на седницата на 9 јули

Претседателот на Собранието Африм Гаши на дневен ред за 9 јули ја стави интерпелацијата против претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од Европскиот фронт. Во меѓувреме, Костадиновски не достави писмен одговор на интерпелацијата во рок од 10 дена, како што е предвидено со Деловникот..

Advertisements

“Сакаме да ве известиме дека одговор на интерпелацијата од страна на претседателот на Уставен суд не е пристигнат во Собранието. Бидејќи рокот за доставување на одговор е веќе поминат, Собранието ќе постапи според член 48 став 2 од Деловникот за работа на Собранието”, велат од Собрание.

Костадиновски во јавна изјава рече дека нема да се појави пред пратениците, тврдејќи дека секоја пратеничка група има право да покрене интерпелација, но ако учествува, тоа може да се смета за притисок и влијание врз работата на Собранието.

Според Европскиот фронт, Костадиновски треба да ги разјасни своите ставови за албанскиот јазик, кои, според нив, се субјективни. Фронтот се сомнева дека уставниот суд нема да биде независен во однос на законот за употреба на јазиците, обвинувајќи го Костадиновски дека не го користи албанскиот јазик во службена комуникација. Сепак, и ако интерпелацијата помине, таа нема да има никаква извршна моќ бидејќи интерпелацијата не значи разрешување од функција. За интерпелацијата да биде успешна, потребни се 61 глас./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button