
Ракометарките на Македонија одиграа реми против Турција (25-25) во второто коло на Европското првенство. Иако имавме и предност, на крајот моравме да браниме бод против Турчинките. Една од херојките беше голманката Јована Мицевска која имаше седум интервенции.
Последната беше вредна бод за Македонија, бидејќи дојде по удар од девет метри по истекот на времето. Оваа интервенција на Мицевска се најде меѓу најдобрите за втората рунда, на петтата позиција.
Одбрана во изборот на најдобрите имаше и турската голманка Мерве Ербектас, која спречи зицер на Сара Ристовска во контра.