Интервјуа на кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која треба да бидат спроведени интервјуа на пријавените кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Ќе се извршат интервјуа на 42 кандидати кои ги исполниле условите од огласот за нови членови на ДКСК.
Комисијата за селекција на кандидатите беше формирана на 14 месецов согласно Одлуката на Собранието за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК.
Според законот, Комисијата за селекција ја формира листата на кандидати и по пет дена започнуваат интервјуата. На интервјуата присуствуваат претставници на повеќе институции, како и невладини организации и можат да поставуваат прашања на идните антикорупционери, а се ова се пренесува на Собранискиот канал.
Мандатот на актуелните членови на Комисијата Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор. Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари 2024 година.