ВЕСТИСВЕТ

Инцидент на аеродром во Москва, авион со повеќе од 100 патници ја промаши пистата

Патнички авион „Боинг 747“ од Јакутск ја промаши пистата на аеродромот „Внуково“, изјави претставникот на Службата за итни случаи.

Advertisements

„Авионот на релација Нерјунгри-Москва, кога слета на аеродромот Внуково, ја промаши пистата за 30 метри“, изјавиле од московскиот аеродром.

Во авионот имало 109 патници и седум члена на екипажот, но никој не е повреден.

Според прелиминарните податоци, авионот не бил оштетен. Според еден од изворите од аеродромот, патниците го напуштиле авионот на вообичаен начин и аеродромот не бил затворен поради овој инцидент, пренесе „Спутник“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button