ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Инцидентот во Чаир ги скара политичките партии
Инцидентот во Чаир ги скара политичките партии

СДСМ ја обвинува власта бидејќи како што тврдат, безбедноста на улиците во главниот град станува се полоша. Коментирајќи го инцидентот со 19 годишното момче во Чаир, социјалдемократите велат дека земјата станала како „Див Запад“.
Од власта пак велат дека токму СДСМ е одговорна за ваквите инциденти, бидејќи како што велат датираат од времето кога тие биле на власт. Дури и првиот вицепремиер Меџити рече дека СДСМ нема кредибилитет да зборува на оваа тема, барајќи од надлежните институции да го расветлат случајот.
„СДСМ немаат морален кредибилитет да упатуваат такви обвинувања затоа што ја напуштија власта во која беа убиени многу млади луѓе и беа ранети многу млади граѓани во последните осум години“, рече Изет Меџити, вицепремиер.