ВЕСТИЗАБАВА

Инвазија на штурци во Америка: Тргаат во избезумена потера за парење прв пат по 17 години!

Жителите на делови од источниот дел на САД наскоро ќе бидат сведоци на неверојатен природен феномен: инвазија на штурци кои ќе ги напуштат своите подземни домови за прв пат по 17 години во избезумена потера за парење.

Тие се познати како периодични цикади, го поминуваат скоро целиот свој живот на метар или два под земја и се хранат со корените на дрвјата. Меѓутоа, на пролет, кога ќе наполнат 13 или 17 години, овие инсекти во исто време и во огромен број, во зависност од видот, кога ќе достигнат фаза на нимфа, почнуваат да излегуваат на површина, пишува порталот Cnet.

Тие се искачуваат од своите подземни скривалишта, го фрлаат егзо-скелетот и развиваат крилја. По неколку дена одмор и чекање, тие почнуваат да се парат. Речиси е невозможно да не се забележи овој наплив кога роеви мажаци почнуваат да го изведуваат својот повик за парење.

„Тие се собираат во паркови, шуми, околу згради, во дворови, насекаде“, објаснува ентомологот Гери Парсонс од Државниот универзитет во Мичиген.

„Кога одат толку масовно, летаат, слетуваат, лазат насекаде, па дури и паѓаат на луѓе“, додава професорот.

Овие инсекти се безопасни. Тие не боцкаат, гризат или носат болести и обично не влегуваат во затворени простори, иако може да се најдат на надворешните sидови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button