СПОРТФУДБАЛ

Инзаги: Mногу ги почитуваме, но не се плашиме од нив

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања пред вечерашниот натпревар против Барселона во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.

Advertisements

Мечот со „каталонците“ доаѓа во лош момент за Интер, кој полека го губи здивот во битката за титулата во Италија, и со пораз од Рома на домашен терен, додека Барселона влегува во мечот по освоениот Куп на Кралот со победата над Реал Мадрид во финалето.

„Тимот веќе постигна нешто извонредно. Треба да играме подобро во следните натпревари, но четири години подоцна се бориме за сите трофеи, а некои велеа дека нема да бидеме ниту меѓу првите четири во Серија А. Играме против еден од најорганизираните тимови во светот. Имаат неверојатна статистика, многу ги почитуваме, но не се плашиме од нив. Ова важи за сите противници. Во полуфиналето сакаме да се покажеме во вистинско светло. За жал влегуваме во овој меч по пораз од Рома, додека Барселона го освои Купот. Две различни расположение, но на тернеот можеме да покажеме голема борба“, изјави Инзаги.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button