СВЕТ

Ирак: Немири на протестите во Багдад

Ирак: Немири на протестите во Багдад

Припадниците на безбедносните сили во главниот град на Ирак, Багдад, употребија солзавец и димни бомби за да ги растераат насобраните на годишнината од крвавите антивладини протести одржани на 1 октомври 2019 година.

Безбедносните сили се обидуваат да ги растераат демонстрантите кои се обидуваат да ги преминат бариерите на мостот на плоштадот Тахрир, во центарот на Багдад. Група демонстранти возврати со фрлање камења. Ирачките безбедносни сили ги затворија сите патишта и мостови кон Зелената зона. На 1 октомври 2019 година започнаа антивладините протести во Багдад, кои брзо се проширија во јужните делови на земјата. Тогашната влада беше принудена да поднесе оставка. Повеќе од 600 луѓе загинаа во немирите за време на протестите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button