
Цените на нафтата се зголемија во вторникот вечерта по нападот на Иран врз Израел. Нафтениот пазар досега се обложуваше на сценариото на воздржаност од сите страни. Но, нафтата не можеше да остане „неподвижна“ пред денешните случувања, анализира Нафтемборики.
Во пресрет на иранскиот напад, суровата нафта од типот „брент“ поскапе за дури 5 отсто во текот на денот на повеќе од 74 долари за барел, додека американската сурова нафта (ВТИ) поскапе за 4 отсто на 71 долар за барел. Порастот во последните 24 часа јасно открива загриженост, иако засега се избегнува паника.
Регионалниот конфликт од големи размери може да го натера Иран да го повлече најмоќното оружје со кое располага: затворањето на Ормускиот теснец. Како клучна артерија на светската трговија, со клучна улога особено во транспортот на нафта, има многу поголема моќ од која било балистичка ракета. 30% од светското снабдување со нафта и повеќе од 25% од светското снабдување со течен природен гас (ЛНГ) поминува низ теснецот, со минимални алтернативи и можности за бајпас.