
Пакистан остро го осуди иранскиот воздушен напад на негова територија, во кој загинаа две деца, нарекувајќи го неиспровоцирано нарушување на неговиот воздушен простор. Оттаму предупредија на одмазда, пренесува Си-ен-ен.
Според иранската државна новинска агенција Тасним, Иран користел прецизни напади со ракети и беспилотни летала за да уништи две упоришта на сунитската милитантна група Џаиш ал-Адл, позната во Иран како Џаиш ал-Дулм, во областа Кох-е-Сабз во пакистанската југозападна провинција Белуџистан.
Нападот доаѓа откако Иран во понеделникот лансираше ракети во северен Ирак и Сирија, во последната ескалација на непријателствата на Блискиот Исток, каде што тековната израелска војна во Газа ризикува да прерасне во поширок регионален конфликт.
Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека во нападот на нејзина територија загинале две деца и го предупреди Иран на сериозни последици.