ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Исчезна дваесет годишна девојка од Албанија

Исчезна дваесет годишна девојка од Албанија

Дваесет годишна девојка по потекло од Албанија, синоќа е пријавена за исчезната, откако се одалечила од домот во Скопје каде престојувала, потврдија од МВР.

Станува збор за Енкеледа Чела, студентка со привремен престој во Скопје. Министерство за внатрешни работи потврди дека на 30 март во 10:30 часот во полициската станица „Петровец“, лицето Г.Т. пријавило дека 20-годишната девојка се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, наведуваат од МВР.

Надлежните апелираат доколку некој ја види девојката, која има црвено-кафеава коса, висока приближно 1,6 метри, тешка околу 55 килограми, со протези на горните заби, веднаш да ја извести полицијата. Нејзината пријателка, која апелира преку социјалните мрежи, пишува дека Енкеледа Чела последен пат била видена во саботата наутро на бензинска пумпа во населба Илинден во Скопје.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button