Исчезнувањето на Вања го вклучи алармот кај родителите за безбедноста во градот

Случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска минатата недела ја подигна будноста кај родителите. Веднаш откако веста се појави во јавноста, многу родители избраа лично да дојдат да ги земат децата после училиште. По изчензувањето на девојчето, се промени секојдневниот живот на родителите и перецепцијата за безбедноста на градот.
„Тој случај ги погоди сите луѓе, без разлика од која националност се: Албанци, Македонци или Турци. Сите се погодени затоа што губењето деца е нешто сериозно. Две години бев наставник и знам каква одговорност има наставникот кон децата, родителите и општеството а особено на полицијата“, вели еден родител.
Некои родители ја користат паузата од работа за да ги проверат или да ги однесат децата дома. Во меѓувреме,беа вклучени и бабите и дедовците кои во најголем број случаи ги придружуваат внуците до градинките или училиштата. Сите заедно апелираат до безбедносните органи да го пронајдат девојчето и да превенираат ваки ситуации.
Случајот на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје го привлече вниманието на системот „Amber Alert“ или на македонски „Најди ме“ кој е комуникациски мост меѓу родителите, наставниците и институциите за што побрзо мобилизирање на вакви случаи. Ефикасноста на ваквите системи според светските практики е успешна со стапка од 80%.
„Почнати се процедури, договоривме меморандуми за соработка, но тие не се во функција. Тоа е континуиран процес. Се обидовме да ја забрзаме работата и кон средината на декември се планира промоција со субјектите со кои договоривме соработка. Во вакви случаи се очекува со брзата и масовна размена на информации да се посветат повеќе ресурси и колку е поголема посветеноста, толку поголеми ќе бидат и очекувањата дека лицето ќе се најде во рок од 24 часа“, велат од НВО „Новинарите за човековите права“.
Официјалните полициски податоци покажуваат дека во последните три години, 2020-2023 година, изчезнале 74 лица, од кои 65 се пронајдени, а 9 се уште се водат за исчезнати, од кои 5 се деца.
Аднан Ќаили