ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Иселениците ги раздвижија бизнисите, зголемен прометот во чаршијата

Некои иселеници останаа подолго, некои помалку, некои ќе поминат малку повеќе во својата татковина, за други е време да се вратат.
Одморот на иселениците во татковината, освен што и дадоа живот на државата, се одрази и на економскиот аспект. Иселениците за Алсат велат дека потрошиле големи суми откако дошле во татковина.

„Во Германија живееме… веќе еден месец сме тука… Потрошивме, фамилијарно….Околу 5000. “

„Живеам во Белгија, тука сум еден месец, добро се забавуваме…

„Преголеми се трошоците, толку е скапо, како во Европа, не знам, за овие 10 дена мислам 2000 евра… мислам оваа недела и да тргнам за Германија“, рекоа иселениците.

Од еснафот нво Чаршијата велат дека со доаѓањето на иселениците зголемен е прометот. Периодите кога се враќаат во татковината се најпрофитабилни за сите бизниси.

„Во текот на летото секоја економија се движи, со доаѓањето на иселениците што ги имаме во странство, што со раширени раце ги пречекуваме, сите бизнисмени и дуќанџии што ги имаме во нашата чаршија…Иселениците не придвижуваат. Дневните потрошувачи не одржуваат во живот за да не изумреме, но за да се подигнеме тоа го прават иселениците, секоја работа се движи од нив“, вели Бујар Дулови, Чаршиски еснаф.

Од Народна банка се уште нема официјални податоци за дознаките за годинава, но според податоците на оваа институција за минатата година, дознаките или парите од странство достигнале сума од околу 1,5 милијарди евра.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button