ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Иселениците го заживеаа полошкиот регион

Иселениците го заживеаа полошкиот регион

Тивките села, кои останаа со многу малку жители, главно постари луѓе, заживеаја последниве денови. Доаѓањето на иселениците за крајот на годината ги наполнија куќите. Таква беше атмосферата во полошкиот регион..

Advertisements

Селото Ларце. Над 500 куќи, но многу малку населени. Жителите велат дека во ова село речиси во половина од куќите има само стари луѓе, бидејќи повеќето се иселеници, но овие куќи деновиве заживуваа. Жителите велат дека нема ништо поубаво од тоа кога ќе се вратат иселениците, како во минатото кога куќите биле полни.

„Синоќа дојде едниот син, пресреќни сме. Едвај чекавме да дојдат. Селото заживеа една недела откако почнаа да доаѓаат иселениците“, рече еден жител.

„Задоволството е многу големо, едвај чекаме да дојдат. Селото почна да заживува, веднаш се забележува“, рече еден жител.

„Во моментов сме пет а вкупно сме 16. Синовите се во странство, со деца и се комплет семејство. Не дојдоа и нема да дојдат. Работат таму, ние сме сами. Јас сум бил иселеник 25 години, многу е лошо. Останавме, жена ми е болна, јас не се чувствувам добро. Да, многу е добро кога ќе дојдат, куќата е полна, има среќа. Повеќе од половина од селото е на печалба. Повеќето од куќите се дури и заклучени“, додаде друг жител.
Згоелемена раздвиженост се чувствува и во Тетово, а почнува да заживува и економијата ./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button