Иселениците ја наполнија Струга-хотелиерите тријат раце
Иселениците ја наполнија Струга-хотелиерите тријат раце

Ислениците во Западна Европа и Америка ја наполнија Струга. Локалните бизниси и хотелиери најмногу надеж имаат токму во нив.Тие ја раздвижуваат локалната економија, овде организираат различни веселби па 90% од хотелските капацитети се резервирани за вакви настани.
„ Струга друго лице има со нив.Рестораните, хотелите се полни, ќе има свадби, веселби.Тие се инфузија за нас.Оставаат пари и се многу важни за локалните бизниси“, изјави Ате Јахја-локален бизнисмен.
Струшките бизнисмени велат дека и печалбарите не трошат повеќе како порано, но сепак туризмот во градот и натаму зависи најмногу од нив. Туристичката сезона е во полн ек, па освен иселениците во Струга има и туристи од Холандија, Турција, Полска.
„Пред корона вирусот Холанѓаните беа најбројни туристи кои не посетуваа. Но после тоа тоа не е така. Во 2023 тие беа трети на листа. Незнам поради што е тоа така.Дали имаат најдено друг пазар, па ја одминуваат Македонија. Дали во Охрид има повеќе од Струга незнам, можеби има малку повеќе, но бројката е далеку помала“, нагласи Ерхан Папранику-хотелиер.
И Струга како и Охрид има недостиг на персонал, а нерешни остануваат и децениските проблеми како што е депонијата, кучињата скитници, лошиот пат кој води од Скопје до Струга..
„Имаме проблем со кадар како и секоја сезона.Исто и јас.Секој индивидуално мора да се снаоѓа.Немаме никаква помош и не верувам дека ќе имаме“, рече Ерхан Папранику-хотелиер.
Иако Струга со години нудеше сместување и угостителски услуги по пониски цени, годинава и овде се забележуваат повисоки цени, посебно на храната во локалните ресторани.
Мики Трајковски