Иселениците кои патувале илјадници километри за одмор во нивната татковина, со часови чекаат на граничниот премин Табановце за влез во Македонија

Mefail Ismaili
„Голем проток на возила и автобуси на граничниот премин Табановце… Граѓаните велат дека чекаат со часови додека граничните служби велат дека проблем се протоколите за Ковид “.
На просторот меѓу двете граници има многу автомобили и автобуси кои чекаат со часови. Иселениците кои се враќаат на одмор во татковината велат дека на ниту една гранична точка освен Табановце не чекале повеќе од пет минути. Велат уморни се од долгото чекање.
Граничната полиција соопшти дека го зголемила капацитетот и оти отворила дополнителни шалтери. За доцнењата, од таму ги обвинуваат протоколите за коронавирус.
„Пуштени се девет шалтери. Има граѓани кои не се информирани за протоколите и немаат ПЦР тест или сертификат со вакцина“.
Големиот прилив и долгите чекања на граничните премини почнаа вчера. Синоќа иселеници до Алсат испратија снимка на која се гледаат долги редици автобуси и возила. Слични слики со долго чекање на Табановце обично се случуваат двапати годишно, во текот на летото и зимата кога иселениците доаѓаат на одмор.