ИСЕЛУВАЊЕ – во Липково школите празни, а улиците полни со старци
ИСЕЛУВАЊЕ - во Липково школите празни, а улиците полни со старци

Во липковските села не е како порано. Училниците се речиси празни, а улиците полни со постари лица. Регионот постојано се празни поради недостигот на инвестиции и просперитет за младите. Сè повеќе ученици заминуваат кај родителите кои им се странство, па училиштето многу брзо може да се претвори во дом за стари.
„Дали сте загрижени што ќе ве разделат од другарите? Да, многу, ова ми е родно место, си играм со другарите, не можам да ги оставам сами“, рече еден Адријан, ученик.
И покрај тоа што не сака да се раздели од пријателите, Ардијан од селото Лојане општина Липково наскоро ќе замине во Германија. Таму ќе му се придружи на својот татко кој ја доработувал документацијата за спојување со семејството. Оваа судбина ја делат многу негови врсници кои во О.У. „Рилиндја“ каде следат настава, поднеле барање за испишување.
„Татко ми работи во Германија, ќе одиме и ние. Кога ќе одиш? Ја чекаме визата, па ќе одиме“, Меритон, ученик.
Емоции од заминувањето од школските клупи имаат и другите ученици што ги сретнавме во ова училиште. Велат дека училницата со малку ученици изгледа здодевно и нема атмосфера каква што сакаат децата.
„Бројот на ученици е многу намален. Имавме 16, а сега сме 8, некои си заминаа, ќе останеме само 6. Дали беше подобро кога бевте повеќе? Да, многу. Подобро беше, имавме со кого да комуницираме. Бевме 6 машки во класот, сега сме двајца“, додаде Гент, ученик.
„Имав многу блиска пријателка, но отиде во Германија, но сè уште зборуваме и комуницираме. Бев многу тажна кога замина. Дали често зборувате? Да, на телефон. Што вели за таму, дали почнала на училиште? Да, почнала да оди на училиште и ми вели дека нема другари со кого да си игра. Целиот клас ја испративме и бевме тажни“, нагласи Лијана, ученичка.
Од почетокот на учебната 2022-‘23 година биле издадени 12 исписници на ученици од селата Лојане и Ваксинце. Директорот Идриз Сулејмани вели дека 10 од отпишаните ученици заминале за западните држави, а останатите двајца за Куманово и Липково.
„Според информациите со кои располагаме, има и 6 родители кои доаѓаат и се заинтересирани да си ги земат децата кои до месец мај ќе добијат документи за преселување. Се гледаат околностите, економските услови, стандардот кај нас. Поради тоа се случува ова иселување на ученици на запад. Постои страв дека опаѓањето на бројот веројатно ќе доведе до намалување на паралелките. Поголемиот дел од Лојане се на запад и се плашам дека наскоро ова училиште ќе остане дом за стари лица бидејќи учениците заминуваат“, изјави Идриз Сулејмани, директор на о.у „Рилиндја“.
Училиштето „Рилиндја“ во 1993 година имало над 900 ученици, а сега ги има само 367. Од околу 700 куќи во Лојане, речиси половината се празни./Алсат.мк
Мелихате Рустеми