Иселувањето во странство ги празни селата во Полог

Едно време улиците во селото Зубовце кај Гостивар беа преполни со луѓе, а училишниот двор полн со ученици. На сите маси во кафулињата имаше гости. Но, денес селото е со празни улици, празни кафулиња, а во училиштето едвај се забележува дека има ученици.
„Не само кај нас, во сите села сите млади луѓе бегаат во Европа. Имаме 120 куќи, но без млади, остануваме без млади. Останаа само околу 300-350 жители, деца и постари лица. Младите заминуваат за подобар живот. Кај нас станува сè полошо и полошо. Државата треба да ги поттикне младите да работат со плати за да не си одат. Порано, само што гледав една слика на телефон, од прво до четврто одделение во нашето училиште имаше над 70 деца, сега немаме ни 12-23 деца. Бевме 700-800 жители, сега имаме 350, има многу малку деца 12-13 деца. Претходно, селото беше живо, работевме земјоделство. Јас имам продавница и дневно влегуваат по 20-30 луѓе, не е како порано кога тука имаше четири продавници…“
„Луѓето сега немаат многу деца, не сакаат да да се заморуваат многу. Јас во моето семејство заедно со сестрите и браќата бевме шестмина. Сега младите невести се модерни, не сакаат деца. Од Македонија не заминуваат сите за подобар живот, туку лошата политика влијае луѓето да си заминат затоа што повеќе не гледаат сигурност тука“, велат жителите.
Улиците, плоштадот, но и селото изгледаат запуштени. Тоа, според жителите, се должи на миграцијата.
Во селското училиште порано имало над 70 ученици, но сега во целото училиште има само 15 ученици.
На само неколку километри од тука го посетивме и Ново Село. Таму живеат две постари домаќинства кои на шега, не сакајќи да зборуваат, ни рекоа дека останале да го чуваат селото.
Башким Сулејмани