ЕКОНОМИЈА

Исени: Првите месеци од 2022 година локалните компании работат со загуба

Извршниот директор на Стопанската комора, Дрилон Исени, во „Економски Магазин“ на Алсат зборуваше за економската состојба во локалните компании. Како што рече тој, бизнисите во првите два месеца од 2022 година работат со загуба, а ги нагласи и процентот на расходи што ги имаат овие компании.

Advertisements

„Слична е ситуацијата и со локалните компании. Бизнисите што ги претставуваме се соочуваат со финансиска и економска криза уште од времето на пандемијата и сега, со конфликтот во Украина, оваа криза се продлабочува. Направивме анализа и според неа првите месеци од 2022 година компаниите работат со загуба. Имаме зголемување на дневните расходи за 13-16%, додека раст на оперативните за 3-4%“, рече Исени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button