ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Исклучените потрошувачи може бесплатно да се приклучат на парно

До 31 август граѓаните кои претходно го исклучиле парното во своите домови од системот за топлинско греење можат повторно бесплатно да го приклучат.

Advertisements

ЕСМ Снабдување спроведува акција за бесплатно приклучување по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а важи за сите заинтересираните корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за топлинска енергија.

Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор. За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 31 август, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина. По завршување на акцијата, односно од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник – информираат од ЕСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button