Исклучувањето на се поголем број граѓани од парното, ќе има последици
Исклучувањето на се поголем број граѓани од парното, ќе има последици

Зголемувањето на бројот на граѓани кои сакаат да се исклучат од системот за парно греење, откако пред неколку дена уставниот суд донесе одлука со која се олеснува исклучувањето на потрошувачите на топлиска енергија, може да предизвика сериозни последици врз цената на топлинската енергија и стабилноста на електроенергетската мрежа, предупредуваат надлежните. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека масовното преминување на греење со струја може сериозно да го оптовари дистрибутивниот систем, особено во Скопје, каде мрежата е проектирана со ограничен капацитет.
„Тоа може да придонесе до зголемен број на исклучени потрошувачи што ќе влијае негативно на цената за топлинска енергија, односно ќе доведе до зголемување на цената за топлинска енергија. А од она што особено се плашам доколку тие потрошувачи кои што би се исклучиле и би започнале да се греат на електрична енергија ќе го оптоварат особено дистрибутивнот систем во градот Скопје е проектиран со трафостаници и со мрежа со послаб капацитет таму каде што има организиран систем за топлинска енергија“, рече Марко Бислимовски – претседател на регулаторна комисија за енергетика.
Бислимовски вели дека во наредниот период ќе побараат од страна на Евн да ги информираат домаќинствата за самоотчитувањето на броилата и во фактурата да е јасно наведено дали таа е врз осноова на отчитани податоци или врз основа на предвидени.
„Поголемо информирање на потрошувачите во однос на тоа дали нивото броило е отчитано или не и исто така ќе побараме од ЕВН во сметките за електрична енергија кои што ќе ги доставува што е можно повеќе да ги запознае за можноста за самоотчитување и исто така за добивање на и на одредени други опции кои што ќе им бидат на располагање“, рече Марко Бислимовски – претседател на регулаторна комисија за енергетика.
Во однос на зголемувањето на цената на струјата Бислимовски рече дека заклучно со 30ти јуни се обезбедени количините на елетктилната енергија, потоа Евн ќе распише тендер за наредниот период, доколку цената која што ќе ја понуди на тој тендер е иста како што е сегашната или е приближна, регулаторот Бислимовски не гледа пречка за промена на цената на електричната енергија./Алсат.мк
Ангел Димовски.