ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Искористеноста на обновливите извори на енергија е минимална

Искористеноста на обновливите извори на енергија е минимална

И покрај големите потенцијали за развој на обновливите извори на енергија, со кои располага Македонија истите се се уште многу малку искористени. Според нив земјава во моментот има само 0.1 % искристеност на обновливите извори и покрај зголемената изградба на вакви капацитети, последните две години.

„Немаме потреба да правиме нуклеарни централи, немаме потреба повторно да се враќаме на оние системи на фосилни горива. Доволно е да ја синхронизираме енергијата од обновливи извори, ветар, сонце, вода, био енергија и сите тие да работат во една компактна целина. Ние со години и децении увезуваме 30-40% енергија, што сега имаме револуционерен период што целиот тој однос можеме да го промениме во наша корист и да бидеме извозници на електрична енергија“, рече Зоран Митрески-ескперт за енергетика.

Митрески вели дека за да се случи тоа, државата треба уште повеќе да ги поедностави процедурите за поставување на фотоволтаици, за мали потрошувачи, односно физички лица, и да им се дозволи инсталирање на што е можно повеќе енергија, како и надоградување на електричната мрежа. Во тој случај Македонија може да биде лидер во регионот.

„Во Македонија 10% од енергијата е генерирана од хидроцентралите. Најголем дел е од термоцентралните засега, што е многу неповолно. Ние мора да преминеме на обновливи извори и на атомска енергија, доколку сакаме долготрајно решение“, нагласи Зоран Митрески-ескперт за енергетика.

Дали енергетскиот систем би се развивал или стагнирал, тоа зависи најмногу од функционерите кои ја водат државата, бидејки поединечно граѓаните неможат многу да направат, сметаат скепртите./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button