МАКЕДОНИЈА

Искршена таблата на „Цар Борис“ во Охрид

Околу пладне денеска непознат сторител ја скршил таблата на која беше испишано името на новоотворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети” во Охрид. Информацијата за Алсат ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој рече дека пријавата пристигнала околу 12.45 часот. Клубот беше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од Левица, а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Причина беше тоа што цар Борис му бил сојузник на Хитлер и ја водел Бугарија во времето кога Македонија беше под окупација на Бугарија во Втората светска војна. Претходно годинава, сличен ваков клуб во Битола, именуван како Ванчо Михајлов, исто така соработник на Хитлер, беше оштетен. Влезната врата му ја запали познат македонски пејач.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button