ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Искуството покажува дека анкетните комисии не даваат никакви резултати

Анкетните комисии се политичко лицемерие како што практиката сведочи низ историјата на парламентаризмот и тие не изнесоа никаква вистина на виделина, вели политичкиот аналитичар Ќенан Алиу. Тој повторува дека Регулативата е јасна, комисиите немаат истражни или други судски функции.

Advertisements

„Ова е барање на опозицијата, која остро посочува на комисија која ќе следи како се води истрагата, а тука експлицитно, во член 30 од Деловникот на Собранието стои дека работните тела немаат функција во истрагата, ниту во судство. Затоа, ова би била депласирано прашање во овој случај. Иако, како опозиција, ДУИ имаше и други случаи за кои мораше да се покрене, ако се сеќаваат на случајот со Диво насеље во Куманово, велат дека ќе има инволвираност на ФБИ во оваа истрага, но ништо не излезе. Значи, парламентарната пракса историски докажа дека овие комисии не изнесуваат ништо на виделина. Најголемиот проблем и во албанскиот и во македонскиот политички кампус е тоа што опозицијата нема политички кредибилитет“, вели Алиу.

ДУИ неодамна побара анкетна комисија за случајот во Кочани и начинот на водење на некои други истраги. Според деловникот на Собранието, анкетната комисија се формира од Собранието на предлог на пратениците, а нејзиниот претседател го предлага опозицијата. Таквите комисии може да даваат препораки, но и да помагаат во истраги или процеси, а препораките издадени од комисиите не се обврзувачки за истражните органи. Од ДУИ презедоа иницијатива да формираат анкетна комисија за случајот со смртта на 4-годишниот Алмир од Куманово, најавија комисија за „Диво насеље“, а во времето на нивното владеење беа формирани и анкетни комисии за случаите „Сопот“ и „Монструм“, кои требаше да го разјаснат евентуалното местење на овие случаи. Ниту една од нив не помогна во постапките и не даде конкретни резултати. Неодамна беше формирана комисија за случајот „Онкологија“ односно скандалот со препродажба на лекови за пациенти со рак, но и таа комисија не даде резултати.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button