МАКЕДОНИЈА
Исмаили: Оние кои потфрлаат во професиите завршуваат во политика

Новодипломираниот новинар Абедин Исмаили, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“, на Алсат, оцени дека огромното мнозинство од луѓето кои потфрлиле во своите професии завршиле во политиката. Според него, такво нешто се случува затоа што луѓето ја гледаат политиката како штит и спас од неуспеси.
„Ова прашање е дискутабилно поради тоа што сведоци сме дека оние кои потфрлиле во професиите се занимаваат и со политика. Не сакам да создавам таква перцепција за политиката, но реалноста е дека на политиката во повеќето случаи се гледа како на штит, да почнеш од својата професија, но ако не успееш, тогаш влегуваш во политиката и таму можеш да жнееш повеќе успех“, вели Исмаили.