ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Исплата на субвенциите за одгледување тутун во наредните денови
Исплата на субвенциите за одгледување тутун во наредните денови

Над 15 илјади одгледувачи на тутун очекуваат да добијат околу 40 милиони евра субвенции од Министерството за земјоделство за продадениот тутун во 2024 година.
Во последните години, иако значително е намален бројот на земјоделци кои се занимаваат со производство на тутун, според министерот Трипуновски, 2024 година била плодна и има зголемување на произведената количина.
Во 2010 година бројот на земјоделци кои се занимавале со одгледување на тутун бил над 42 илјади, додека во 2025 година тој број е значително намален и сега имаме околу 15 илјади лица кои се занимаваат со оваа земјоделска култура./Aлсат.мк
Авни Тахири