МАКЕДОНИЈА

Испочитувани се сите закони во државата, вели претседателот на здружението „Цар Борис Трети“

Здружението ги има испочитувано сите законски регулативи во државата и нема направено никаков прекршок, вели во изјава за медиумите претседателот на „Цар Борис Трети“, Томе Блажески.

„Ако нешто сме згрешиле се извинуваме на целата јавност, но не направивме никаков прекршок. Ги запазивме сите закони, со целиот почит кон државата, Република Македонија, кон Македонците…“, рече Томе Блажески, претседател на здружението „Цар Борис Трети“.

Во меѓувреме, ситуацијата пред клубот ескалираше откако неколку од насобраните почнаа да фрлаат камења и јајца кон просториите на клубот. Интервенираше и полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button