
Испразнети работни места во здравство ќе се надополнуваат без согласност од Министерството за финансии, најави министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција.
– Не ми беше јасно зошто секогаш треба согласност од Министерството за финансии за вработувања во здравство. Некој ќе се пензионира, друг ќе си оди од државата или ќе се префрли во друга клиника, зошто по автоматизам не можат да се надополнуваат тие места? Ние одлучивме веќе и со министерот за финансии, имаше разбирање и по негова иницијатива, Министерството за финансии веќе да не одлучува за вакви случаи. Самите институции веќе да имаат законска одговорност и Министерството за здравство да потврди без да бараме согласност во финансии. Ако има резервирано таков буџет во сите здравствени клиники, тогаш нема потреба да се побара од финансии, појасни Меџити.