ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Истекува рокот на 300.000 дози „Фајзер“, но нема да се фрлат

За три месеци се продолжени вакцините Фајзер кои се пред истекување за да не се фрлат над 300 илјади дози кои близу 6 месеци останаа во фрижидерите поради слабиот интерес за вакцинација. Од Агенцијата за лекови велат дека тоа било направено по барање на производителот, но со одредени услови. Во документот потпишан од „Малмед“ вакцините кои требаше да истечат во јануари, февруари и март со ова одобрение ќе продолжат да се користат до април, мај и јуни, но нема да се одмрзнуваат. Ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат со третата доза, која во сите случаи е „Фајзер“.

Advertisements

„Во период од девет месеци, неотворените шишиња може да се чуваат и транспортираат на температура од -25 до -15 степени во период до две недели и да се вратат на температура од -90 степени. Пакетите со означен рок на траење од август 2021 до март 2022 година може да се користат уште три месеци по датумот отпечатен на пакувањето“, велат од Агенција за лекови „МАЛМЕД“.

Вакцината Фајзер има рок на траење од 6 месеци од производството до испораката, но властите се согласија да го продолжат овој рок на траење до 9 месеци со тоа што ќе ги задржат замрзнати на -90 степени.

Од Министерството за здравство велат дека во моментов имаат само вакцини „Фајзер“. Најголем дел од нив 312.390 дози ќе истечат за две недели, додека 176.490 дози имаат рок до летото.

„Продолжувањето на рокот на траење се однесува на ампулите произведени по наведениот датум на одобрување, односно по 20 октомври 2021 година. Вакцините се безбедни за употреба и по продолжувањето на рокот на траење“, велат од Министерството за здравство.

Додека СЗО најавува олеснување на мерките за патување, некои држави веќе одлучија да ги укинат ограничувањата. Велика Британија од 27 јануари ќе ја укине задолжителната употреба на маски и вакциналните пасоши. Се очекува истиот примерот да го следат Шпанија и неколку други земји од ЕУ. Но, Косово одлучи да го продолжи полицискиот час од 22 до 5 часот наутро и на границите ќе бара доказ за примени три дози или две дози, плус негативен ПЦР тест.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button