ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истекува рокот на Беџети на жалба за неговото разрешуввање

Истекува рокот на Беџети на жалба за неговото разрешуввање

Апелациониот судија Енвер Беџети против кого судскиот совет на затворена седница донесе одлука дека треба да биде разрешен има право на жалба по оваа одлука, но истата не треба да ја достави до советот. Првиот човек на судскиот совет Александар Камбовски вели дека жалбата Беџети треба да ја достави до специјален жалбен совет составен од повеќе судии.

Advertisements

„Секој судија којшто е разрешен има право на жалба, тоа е до жалбениот совет при Врховниот суд во државата. Не значи тоа Врховниот суд, туку тоа е еден посебен жалбен совет којшто е составен од врховни судии, апелациони судии и судии од Основен суд“, нагласи Александар Камбовски, претседател на судски совет.

Од Врховниот суд иако упативме прашања засега нема одговор дали Беџети поднел жалба, но доколку го искористи тој правен лек, тогаш таа постапка ќе треба да помине низ неколку фази. Беџети има право во рок од 8 дена да се жали до Советот за жалби, а овој совет пак, по прифаќањето на евентуалната жалба, треба да се состане во рок од 10 дена, а по седницата, во рок од 30 дена да донесе и одлука. Во таков случај, Советот може да ја потврди или отповика одлуката на Судскиот совет. Ако одлуката на Судскиот совет се поништи, тогаш постапката се повторува, а ако се потврди, тогаш судијата нема право на нова жалба и автоматски одлуката за разрешување на Беџети станува извршна. Согласно пресметката на роковите во постапката, за конечна одлука ќе треба да се чека најмногу 48 дена. Судскиот совет во јавноста се уште нема излезено со официјално образложение од кои причини е донесена одлуката Беџети да се разреши, судијата кој кон крајот на минатата година заврши на црната листа на САД поради вмешаност во мито и корупција во предметот поврзан со поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков. Токму за предмет поврзан со Мијалков, односно за предметот со масовното нелегално прислушување познат во јавноста како „Таргет Тврдина“, судскиот совет пред две години утврди дека Беџети овој предмет неоправдано девет месеци го чувал во фиока, меѓутоа, тогаш членовите на советот одлучија да му изречат само парична казна.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button