ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Историја да остане посебен предмет во шесто одделение, бараат од Здружението на историчарите

Од Здружението на историчарите на Република Македонија реагираат поради отсуството на предметот Историја во наставните програми за VI одделение за наредната учебна година и бараат мораториум на Концепцијата за основно образование.

Advertisements

Во писмената реакција Здружението укажува на штетните последици од понатамошното спроведување на Концепцијата во однос на наставата по историја, и застанува во заштита на колегите наставници, чии работни места се доведени во прашање поради кратењето на бројот на часови по историја, а што, како што посочуваат, е предизвикано од непромислените новоконципирани наставни планови и програми, со што во крајна линија се ревидира и содржината на македонската историја.

Историјата мора да остане посебен предмет, смета Здружението на историчарите и воедно ги поддржува колегите кои сметаат дека предметите Географија, Граѓанско образование, Биологија, Хемија, Физика треба да се изучуваат посебно.

„Предупредуваме дека повторувањето на досегашната практика на избрзано донесување нови наставни програми за историјата во последен момент, а во конкретниот случај за наставната програма за VI одделение за вештачки конструираниот предмет Историја и општество, од што ќе треба да произлезе и експресната подготовка на новиот ревидиран учебник, ќе предизвика крајно штетни последици за македонскиот образовен систем, на што најостро ќе реагираме“, велат од Здружението на историчарите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button