ВЕСТИСВЕТ

Историска пресуда во САД: Трамп прогласен за виновен за поткуп на порно ѕвезда

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја, со цел да го прикрие поткупот што ѝ го исплатил на поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Сторми Даниелс, непосредно пред претседателските избори во 2016 година, објавила 12-члена порота во судот на Менхетн, пренесува Си-ен-ен.

Со ова, Трамп стана првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. За време на објавата со која се потврди неговата вина, Трамп мирно ги посматрал поротниците.

Соред американските медиуми, ова означува опасен политички момент за Трамп, како можен кандидат за номинација на републиканците, чии бројки на анкетите останале непроменети во текот на судењето, но според американските аналитичари, можат во секој момент да се намалат.

Пресудата ќе биде изречена на 11 јули.

Против поранешниот претседател се поднесени уште три обвиненија, но тие судења не се очекува да се одржат пред изборите во ноември. Трамп се изјасни за невин и за тие случаи.

Реагирајќи на пресудата пред судот во Њујорк, поранешниот претседател Доналд Трамп за „Ројтерс“ изјави дека не ја прифаќа одлуката, т.е. дека е невин и дека вистинската пресуда народот ќе ја донесе на 5 ноември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button