ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истрага на Царина: Пет автобуси на „Беса Транс“ биле без дозвола за транспорт

Истрагата на Царината покажа дека сите автобуси на Беса Транс кои транзитирале кон Истанбул биле без дозвола за транспорт на патници. Ова за Алсат го соопштија од Цраината по завршената истрага која сe отвори по трагедијата која се случи во Бугарија во која автобус на Беса Транс изгоре и загинаа 45 патници.

Advertisements

„Утврдено е дека не било извршено евидентирање на 5 превозни средства (автобуси) во Модулот за транспортни дозволи на Информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при постапките на увоз, извоз и транзит (EXIM)“, велат од Царинска управа.

Во последната нивна тура, автобусите ја напуштија државата на 18 ноември кога превезуваат патници за Истанбул и од Истанбул за Скопје. На границата поминале без проблем иако немале документи. Епак истрагата неутрдила дека цариниците ги птопуштаиле автобусите за мито.

„Во истрагата не се утврдени елементи кои укажуваат на коруптивно однесување од страна на царинските службеници“, велат од Царинска управа.

За изгорениот автобус кој исто така патуваше без дозвола за превоз на патнции и 135 пати ја поминал границата беа суспендирани двајца цариници, а нивниот раководител казнет. Против тројцата вработени во Царината сè уште се води дисциплинска постапка. Овие податоци од истрагата, Царина ги испратила до Јавното обвинителство, кое сè уште води предистрага за работењето на „Беса Транс“ на која и беше одземена лиценца за работа. Во Бугарија, пак, според истрагата на обвинителството виновник за трагедијата е возачот кој возел брзо и покрај лошите услови на патот, при што изгубил контрола врз автобусот. Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ се случи лани на 23 ноември. Автобусот се запали, а изгореа 45 лица. Во несреќата седуммина беа повредени.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button