СВЕТ
Истрага за падот на хеликоптерот со Коби Брајант: Пилотот најверојатно бил дезориентиран

Пилотот на хеликоптерот кој се сруши во кој беше легендата на кошарката Коби Брајант, при што загинаа сите деветмина во авионот, најверојатно бил дезориентиран откако летал во облачно време и не ги следел стандардните процедури, соопштија истражителите. Националниот одбор за безбедност на сообраќајот на САД (НТСБ) соопшти дека истрагата открила оти пилотот Ара Зобајан веројатно претрпел „просторно дезориентираност и губење на контрола“ кога летал во лоши временски услови.