ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истрага за паѓањето на сајтот на ДИК

Обвинителството покрена истрага за првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски, тројца членови на Комисијата за јавни набавки и сопственик на компанија, за злоупотреба на службената положба за време на јавните набавки.

Advertisements

Обвинителството оценува дека на огласот за јавни набавки учествувала компанија што немала право на тоа. Во соопштението на обвинителството се наведува дека техничките спецификации на набавката се изготвени во консултација со компанијата што учествувала на тендерот, што е спротивно на законот. Од оваа постапка, две компании добиле вкупно 1 милион и 250 илјади денари или околу 20 илјади евра.

Софтверот обезбеден од оваа јавна набавка а кој на денот на изборите требаше да ги објавува резултатите, падна на денот на изборите бидејќи претходно не бил тестиран, оценува обвинителството.

„Не е направено ниту едно тестирање или финално тестирање на софтверот пред да биде имплементиран и постапката спроведена преку преговори не беше запазена, иако беа обврзани да го сторат тоа пред да биде потпишан договорот, како и да потврдат дека извештајот од примената постапка е изготвен во спротивно со Правилникот за начинот на пополнување на образецот и Извештајот за спроведената постапка“, наведуваат од Обвинителството.

Обвинителството бара на осомничените да им бидат одземени пасошите, да им биде забрането да го напуштаат местото на живеење и да преземат активности во врска со постапката што се истражува.

Но, првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски, смета дека ништо нема да излезе од оваа истрага. Тој вели дека на најтранспарентен начин се спроведени сите постапки за јавни набавки во ДИК во периодот кога тој е претседател.

„Не би ја коментирал истрагата затоа што не сакам да го оштетам процесот. Во изминатиот период, за прв пат во ДИК, сите постапки за јавни набавки за организација на изборите се спроведени на потранспарентен начин“, вели Деркоски.

На 15 јули, пред завршувањето на гласањето на парламентарните избори, падна системот што ги покажуваше резултите на веб-страницата на ДИК.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button